April 26, 2024, 11:54 am

Вучиќ во следните 72 часа во обиколка на копнената безбедносна зона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пресрет на денешната седница на косовскиот парламент ќе се најдат три нацрт закони: Закон за косовски безбедносни сили, Закон за служба во косовските безбедносни сили и Закон за министерство за одбрана. Станува збор за решенија со кои ќе биде овозможена трансформација на КБС во косовска војска. Србите очекуваат дека тоа ќе им ја отежни борбата за опстанок, а улиците на Приштина се со американски знамиња.

Официјален Белград и Србите на Коскет се противат на иницијативата на приштинските власти. Српскиот претседател и врховен командант на српските воени сили, Александар Вучиќ вчера истакна дека намерата на Приштина да формира војска не е во согласноста ниту со правото, ниту со Резолуцијата 1244. Тој нагласи дека должност на КФОР е да ја распушти таа војска.

Како што пренесуваат српските медиуми, Вучиќ во наредните 72 часа ќе ги обиколи единиците во копнената безбедносна зона на просторот на јужна Србија.

Во Приштина и во другите средини на КиМ е мирно, јавува РТС. Ноќеска заседаваше Советот за безбедност во Приштина, а било разгледано и раководењето на ситуацијата по гласањето во парламентот.

Сите три закони беа усвоени во октомври во првото читање со поддршка од сите несрпски пратеници. Тие тогаш ја напуштија седницата наведувајќи дека трансформацијата на КБС не е според закон и во интерес на Србите.

Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера е појави во униформа и изврши смотра на единицата на КБС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This