ВУЧИЌ: Нема да плачеме и молиме пред вратите на Европската Унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на ЕУ да не ја отвори вратата за Македонија и Албанија го натера регионот да разбере дека не може да се потпира само на нејзините западни соседи, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ваквата одлука му стави до знаење на регионот дека „не зависи од нас“, рече Вучиќ во интервју за „Фајненшал тајмс“.

Тие секогаш велеа: „Тоа зависи од вас, од брзината на вашите реформи“ … Сега тие се поправични. Сега барем тие велат: „Не е сè до вас“, рече Вучиќ и потоа праша: Што можам да направам, да плачам и гладувам пред Берлемон? – мислејќи на седиштето на Европската комисија е во Брисел.- Јас нема да го сторам тоа, никој тоа нема да го стори – рече претседателот Вучиќ.

Вучиќ, исто така, рече дека одбивањето на ЕУ да започне разговори за пристапување со двете балкански земји ја оправдува нејзината политика на зајакнување на поблиски врски со Кина и Русија. Белград, како што е наведено од истакнатиот британски весник, е подготвен да потпише договор за слободна трговија во петок и е исто така за за понатамошна регионална интеграција.

Мораме да се грижиме за себе. Тоа е единствениот начин, тоа е единствениот пристап. Сè друго би било неодговорно, рече Вучиќ.

Британскиот весник забележува дека ваквите коментари можат да ги зајакнат стравувањата дека ЕУ го губи влијанието на Балканот, бидејќи лидерите на Унијата не се согласија да започнат разговори со Скопје и Тирана на самитот минатата недела. Претседателот Вучиќ исто така рече дека Балканот треба да стори повеќе за зајакнување на регионалната соработка.

Не можеме да зависиме од следната одлука на Европскиот совет или од тоа дали холандската влада ќе одлучи на овој или друг начин или дали данската влада ќе стори нешто поразлично од тоа што очекуваме, рече Вучиќ.

Сега, како што рече Вучиќ, тие гледаат дека „ние прво мора да се свртиме едни кон други, се разбира, да останеме на патот кон ЕУ, но не очекувајќи милост од никого“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This