Вучиќ сигурен дека руската и кинеската вakцина ќе бидат популарни во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска во контекст на вакцините кои ги вети за Македонија изјави дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион проблеми.

Во коментар за 8.000 вакцини на „Фајзер“ што од Србија треба да пристигнат во Maкедонија, Вучиќ нагласи дека се работи за братски и пријателски чекор што ја покажува одговорноста на Србија, која знае дека не живее изолирана, туку се грижи и за соседите.

„Што би ни вредело на сите да бидеме здрави ако луѓето во соседството имаат безброј проблеми? Можеме да бидеме среќни и задоволни, ако нашите соседи се задоволни“, рече Вучиќ, пренесоа медиумите во регионот.

Вучиќ е сигурен оти и кинеските и руските вакцини ќе бидат популарни во Македонија, а „Фајзер“ и „АстраЗенека“ во Албанија, поради различен политички однос, но исто така посочи дека Србија нема проблем да и помогне на Албанија и на кого има потреба.

„Ако утре некој не праша од РС, БиХ, како можеме да одбиеме? Нормално е да се помогне“, рече Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This