Гoцe e вeќe „шитнaт“, caмо уште нe ни кaжaлe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев ќе се пазари за Гоце Делчев, Каракачанов јасен, ако не се каже дека Македонија има бугарска историја нема ЕУ

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов се заканува дека доколку двете комисии за разгледување на историските прашања не седнат на маса да разговараат и постигнат договор околу историските ликови, Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Република Македонија со Европската унија. Со ова практично Каракачанов го стави премиерот Заев пред свршен чин да мора да се пазари дека Гоце Делчев е Бугарин, а дека Македонија има бугарска историја.

Според него, доколку не се решат спорните точки од страна на Комисијата за разгледување на историските проблеми, Бугарија ќе ја блокира меѓувладината конференција укажувајќи дека ниту една земја членка на Европската унија нема да ја притисне Бугарија да ја промени ваквата позиција.

-Уште минатата година во ноември месец, пред десет месеци ја стопиравме работата на Комисијата за разгледување на историските проблеми. Тоа е доволна причина Бугарија да го постави многу јасно ова прашање. Ние сме кажале сто пати во последните месеци, дека ако не се постигне согласност по тие прашања Бугарија ќе возврати на првата меѓувладина конференција, додека прашањата не бидат расчистени. Тоа е позицијата на Бугарија и тоа е многу јасно во Скопје, вели тој.

Каракачанов додава дека Македонија го сменила знамето, името на државата, како и дека мора Македонија да биде коректна држава и да ги почитува договорите доколку сака да стане дел од Европската унија

– Вие се согласивте да си го сменивте знамето, да си го смените името. А со државата која секогаш и помагала на Македонија, сметате дека може да играте некоректно. За сите работи во меѓународните односи мора да има реципрочност, порачува Каракачнов.
Ваквите ставови на Каракачанов го разгоре револтот кај Македонците, кои сметаат дека заканите од страна на Бугарија и Каракачанов се темелат врз основа на претходните изјави на премиерот Зоран Заев и шефот на државата Стево Пендаровски.

Во едно интервју Заев порача: “Македонците и Бугарите се еден народ, додека Пендаровски шокираше со изјавата дека Гоце Делчев се декларирал за Бугарин”.

На ваквите изјави, се надоврза и директорот на бугарскиот професор Божидар Димитров кој во едно интервју порача дека Заев бил во право кога кажал дека Македонците и Бугарите се еден народ.

-Изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека Бугарите и Македонците се еден ист народ одговара на историската вистина, вели Божидар Димитров.

Не-спорна историска вистина е сите кои што имаат малку сознанија од тој историски период е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, вели Пендаровски во интервју во емисијата 360 на теелевизија Алсат М.

Иако се изјавуваше дека во македонско бугарскито спорн не може да има победник, на крај се испостави дека не само што Бугарија е победник, туку и дека Македонија по трет пат е понижена држава а сето тоа е резултат на лошите преговарања и пазарења од македонската страна директно од владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев. Очигледно е дека овој договор за добрососедство кој требаше да значи решавање на односот меѓу двете соседни држави, дополнително ќе ги влоши.

https://twitter.com/Trollowsky/status/1303779256221290496?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1303779256221290496%7Ctwgr%5Eshare_0&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2Fwp-admin%2Fpost-new.php

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This