Генерална проба на МВР го колабираше сообраќајот во Скопје во текот на вчерашниот ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со телеграма за спроведување на „генерална проба“ за претпоставени протести на граѓани поради несреќата со автобусот на „Дурмо Турс“, „Беса Травел“ и пожарот во модуларнната болница во Тетово, вчера попладне полицијата го блокираше главниот град Скопје, предизвикувајќи целосен колапс на сообраќајниот систем во претстолнината.

Телеграмата со број 407 испратена до началниците на ЕКРА, ЕУМНА, ЕИП, началниците на ЕБР, ЕБПС, ОБПС, командирите на сите ПСОН и ЕИК при СВР Скопје, на 07.12.2021 година, е наредба со која се ангажираат полициски сили за обезбедување на протест – генерална проба на протест во градот Скопје.

– На 07.012.2021 со почеток во 16.30 часот ќе се одржи протест на граѓани во врска со сообраќајната автобуска незгода, со автобусот на „Дурмо Турс“, пожарот во ковид болницата во Тетово, и сообраќајната незгода со автобусот на Т.А. „Беса Турс“ во Р.Бугарија, со собирно место во паркот во населба Чаир каде потоа со движење ќе се упатат по ул.„Цветан Димов“, бул.„Крсте Мисирков“, потоа десно по бул.„Гоце Делчев“ до пред Владата на Р.С. Македонија. Со наредба број_______ од 06.12.2021 година, одговорен за обезбедувањето определен е самостоен инспектор Т.П. а негови помошници ќе бидат главен инспектор во ОКНПСОНРС Е.Љ. и самостоен инспектор во ОКНПСОНРС С.К. Одговорен за сообраќајно обезбедување ќе биде раководител на смена во ОБПС „Треска 320“ – стои во телеграмата која на 06.12.2021 година била испратена до началниците на чие подрачје се одржвувала генералната проба.

Телеграмата, односно, наредбата ја потпишал началникот на СВР Скопје Тони Јакимовски.

Во истата телеграма, дополнително се наведува, на последната страна (стр.3) дека за генералната проба одговорен за сообраќајот е началникот на ОБПС.

– Началникот на ОБПС да превземе мерки за регулирање на сообраќајот за време на генералната проба согласно планот за сообрарќајно обезбедуваење.

Од МВР одговорија на прашањата на Инфомакс со потврда дека таква телеграма постои, но и со објаснување дека по истата не било постапено.

– Надлежен орган за управување и контрола на сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е Град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС). Со зголемување на сообраќајниот метеж и неможноста ЦУКС да се справи со настанатата состојба, а врз основа на член 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи за да се расчисти метежот, што и беше направено. Во телеграмата за организирање и постапување за протестот кој беше најавуван на социјалните мрежи, нема наредба за блокирање на сообраќајот, односно да имаше таква наредба, крстосниците би биле празни. Бидејќи протестот не се одржа, по таа телеграма не е ни постапувано, па ова нема апсолутно никаква врска со настанатиот сообраќаен метеж.

Од градот Скопје официјално соопштија дека управувањето со сообраќајот е надлежност на МВР, а градоначалничката Арсовска побара и одговори од полицијата.

А.Митовски

претходниот член,Патриот
Следната статијаУтре и задутре без струја пола Скопје

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This