April 23, 2024, 11:13 am

ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ГЕРМАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ТEХHИЧКИ ПPЕГЛEДИ: Најдобрите и нaјисплaтливитe пoлoвни возила до 5.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Престижниот магазин за автомобили Auto Bild направи анализа на годишниот извештај на германската Асоцијција за технички прегледи (TÜV) и ги избра најдобрите и најисплатливите половни возила во ценовната група до 5.000 евра.

Автомобилите се поделени по основа на годината на производство и тоа од 2 до 3 години старост, 4 до 5, 6 до 7, 8 до 9 и 10 до 11 години старост.

Во трите категории на најстари модели без конкуренција е Volkswagen Golf Plus. Со оглед на тоа дека се смета за „пензионерски“ модел, јасно е зошто е толку популарен. Golf Plus нема некои изразени маани, а многу е застапен на пазарот за половни возила, па има повеќе од солиден избор. Цената на возила од овој модел се движи од 1.800 евра за нешто постари примероци и возила со поголем број поминати километри.

Во групата возила со постар „извод на раѓање“ се препорачува и Ford Fusion кој може да се најде за само 1.000 евра, а нуди многу простор и долготрајност.

Иако е нешто поскап за одржување, многу рационален избор е и Audi A3 стар 8 до 9 години, благодарение на квалитетната изработка и издржливост, без разлика на километражата.

Меѓу препорачаните модели кои се ближат до втората деценија од „животот“ спаѓа и VW Golf IV кој во Германија може да се најде за 3.800 евра.

Ако сакате градски автомобил со старост од 6 до 7 години, Auto Bild најмногу го препорачува Mazda 2 по цена од 2.200 евра која речиси и да нема маани.

Во групата возила стари од 4 до 5 години се истакнува Suzuki SX4 кој за 3.100 евра може да биде одличен избор ако ви е потребен модел кој нуди пoгoн на сите четири тркала.

Ако имате ограничен буџет, тогаш најдобро е да се фокусирате на потрага по Peugeot 308. Францускиот адут, ако бил редовно одржуван, нуди многу за цената од 2.500 евра.

Ако можете да си дозволите да потрошите до 4.500 евра, а барате семеен автомобил кој е евтин за одржување, фокусирајте се на Opel Meriva.

Оние кои немаат доверба во автомобили со истечена гаранција и бараат нешто старо 2-3 години по цена од 4.000 до 5.000 евра, нека размислат за Toyota Yaris или VW Polo, препорачува Auto Bild.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This