ГОЛГOTA ВО ООУ „ДАМЕ ГРУЕВ“: Пцoвkи и вулгapeн вокабулар за вработените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До редакцијата на Инфомакс пристигна отворено писмо од читател кој посака да остане анонимен во кое раскажува за состојбите во ООУ „Даме Груев“ во С. Ерџелија.

-Откако некако се разреши проблемот со греењето во Мустафино и Ерџелија,незаинтересираноста за проблемите во училиштето од страна на директорот продолжи.Наместо тој да се ангажира за воспитно-образовниот процес што неговата големина на силен менаџер не му дозволува полесно му е со рој пцовки и вулгарен вокабулар да се обрати на секој вработен,а наставниците кои со години работат во училиштето треба за секоја нивна активност да даваат отчет на педагогот кој е со само неполни две години работно искуство.

Изгубена е секоја човечка вредност,нарушен меѓучовечки однос,куп нерешени проблеми за кои само правилно решение донесува секретарот кој не е ниту правник,туку со „завршени“студии менаџмент на Московскиот универзитет и кој постојано се фали како се е во нејзини раце,па дури оди до степен да се произнесува дека што ќе каже така ќе биде,а воопшто не обрнува внимание дека на вработените секој месец од „знаење“ им крати од платата,а посебно на оние кои користат боледување.

Менаџерот во оваа институција наместо да биде накитен со сите позитивни карактеристики кои треба да се белег на човештво,тој дури и нема респект спрема вработените во училиштето дури и ако тие се болни и од најлошата болест на денешницата- карцином,наместо да им ја олесни работата на овие вработени,да ги испочитува законските акти тој смета дека за нивно„добро“ е да им дава и дополнителни активности кои откако ќе ги сработат им ги одзема правата да го изнесат својот труд на виделина и како награда им создава стресови со кои имја загрозува и влошува нивната здравствена состојба и да не се прескокне добиваат пак дополнителни ангажмани како „рехабилитација“ за подобро
здравје,Да не се заборави и дека е „мајстор“за покачен крвен притисок и стрес кај вработените кои се пред пензија и за „прекрасен и сочен“вулгарен вокабулар.

Создава ред како да вработените се затвореници,им ги заклучува вратите од училиштето и бара од нив задолжително работно време додека него го нема никаде со денови и кога сака си користи годишен одмор заради неговиот приватен проект.

Ако се направи резиме на целата состојба во училиштето ќе се создаде слика на самоволие и агресија иницирани од менаџерот кој не почитува ниту закон,а не пак дека работи со човечкии битија,а со училишниот одбор кој работи само со претседател и секретарот кои му се „екипа“ за подршка на неговите одлуки си го спроведуваат „законот“.Па каде функцонира училишен одбор со претседател и секретар кој не е ниту членна одборот и сам ги пишува и донесува одлуките? Пример за „правилна одлука“ која е последен срам е да се предложи за најдобар просветен работник
наставник кој бил заменски наставник,а да ги прескокне другите вработени кои мината учебна година постигнале резултати во нивните области, пишува нашиот читател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This