April 20, 2024, 12:49 am

ГРАД СКОПЈЕ ФИНАНСКИСКИ ЌЕ ПОДДРЖУВА 231 МАНИФЕСТАЦИЈА: Објавени добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. На конкурсот што беше распишан на 15.10.2018 година пристигнаа 411 комплетни апликации.

Пристигнатите апликации беа оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции на Градот.

Тие водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, одлучија Град Скопје да поддржи 231 предлог проекти, односно 56% од пристигнатите пријави.

Од поддржаните предлог проекти по 46 им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности; 43 од областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка.

За овој конкурс, градот издвои 16 милиони денари. Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците, Град Скопје ги поддржа со 29% од вкупно предвидените буџетски средства.

Оваа година, Град Скопје посебен акцент стави на поддршката на младински и на студентски проекти.

Градот Скопје ја продолжува праксата воведена минатата година за објавување на резултатите од Конкурсот со цел поголема транспарентност и отчетност, доставувајќи ја во прилог листата на поддржани проекти.

ГРАД СКОПЈЕ СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА 231 ПРОЕКТ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТАГрад Скопје ги објави добитниците на…

Posted by Град Скопје on Friday, January 18, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This