ГРАДОНАЧАЛНИК ИМ ПЛАЌА НА ГРАЃАНИТЕ ДА ОДАТ НА РАБОТА СО ВЕЛОСИПЕД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Бари е првиот во Италија кој им плаќа на граѓаните со велосипед за да дојдат на работа, објави списанието ,,Локал”.

Градоначалникот на Бари, Антонио Декаро планира двојно да го зголеми бројот на велосипеди во градот оваа година и ќе започне пилот-проект кој ќе трае четири месеци, за време на кој граѓаните ќе им се плаќа за да одат на работа и да се враќаат дома со велосипед.

На оние кои што со велосипед ќе одат на работа или училиште ќе им се плаќаат по 20 центи за километар, или максимум 25 евра месечно или 125 километри месечно.

До 1 000 жители на Бари можат да аплицираат за овој проект. Уреди за следење ќе бидат инсталирани на нивните велосипеди, врз основа на кои ќе се пресметуваат месечните исплати.

,,Со возење велосипед ќе заработите и пари, покрај тоа што е добро за вашето здравје”, вели градоначалникот.

За оние коишто немаат велосипед, градот, исто така, издвои и посебни средства за да им помогне да купат велосипед, а тоа важи и за вработените и за родителите или за децата.

Градот со 100 евра ќе помага за купување велосипед, 150 евра ќе се издвојат за купување на нов или 250 евра за купување на електричен велосипед.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This