April 26, 2024, 12:07 pm

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИМАЛ И ПАРТНЕР ВО ШВЕРЦОТ?: Претседателот на СДСМ од Арачиново вмешан во шверцот, вчера успеал да избега?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема престрелка во текот на вчерашниот ден ги потресе мештаните на с.Горно Коњаре и с.Баделен, откако на приватниот ранч на градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчевски полицијата спроведе голема акција за разбивање на шверцерски групи на цигари кои робата ја криеле во магацини во ранчот. Престрелката ја алармираше и бугарската гранична полиција која ја зголеми борбената готовност

 

Како што информиравме во текот на вчерашниот ден, шверцот го организирал Боро Стојчевски, градоначалникот на Ново Село, потпомогнат од неговото семејство, односно сопругата и синовите.

МВР за него имала отворено оперативна обработка уште во 2016. година, но Стојчевски успешно успевал да избегнува да заврши во затвор поставувајќи ги членовите на неговото семејство како управители на фирмите кои го правеле шверцот.

 На 10/11.07.2018 година околу 19 часот од страна на полициски службеници при СВР Струмица во близина на с. Баделен општина Ново Село, запрени се две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари. Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С.(49) од с. Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од с. Ново Коњарево,биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии.
При преземањата на потребните мерки и дејствија лишено од слобода е и лицето М.Т (52) од с.Самоилово, кој управувал моторцикл марка „Hamachi“ без регистарски таблици.
При превземање на мерки во обид за бегство на второто возило, од страна на полициски службеници биле испукани два предупредувачки куршуми. Извршен е увид од страна на СВР Струмица во присуство на Јавен обвинител.
Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, а пронајдените кутии со цигари се одземени. СВР-Струмица работи на целосно расчистување и документирање на случајот. – стои во официјалното соопштение.

Она што не го соопштуваат од МВР сепак, е информацијата дека партнер во шверцот на Боро Стојчевски бил и претседателот на општинската организација на СДСМ од Арачиново Агрон Халими, кој успеал да избега пред акцијата. Според информациите до кои дојде Инфомакс, а сеуште не се потврдени, Халими избегал со црн „Пасат“ со скопски регистерски ознаки. 

Свиркачи за „Инфомакс“ брифираат дека Стојчевски и Халими биле партнери во шверцот подолго време, а претседателот на општнската организација на СДСМ од Арачиново како компензација на Стојчевски му подарил два автомобили, поточно џип „БМВ Х5“ и „Пасат“ за неговите синови. Свиркачот додава, дека најверојатно Халими има свој магацин во Арачиново.

Агрон Халими е еден од најблиските соработници на Зоран Заев и Мухамед Зекири кога станува збор за агитација во албанските населени места.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This