(Фото) Градоначалничката Арсовска во ненајавена контрола на зимската служба на Град Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била во ненајавена контрола во во кризниот штаб на зимската служба под Град Скопје со цел да ја провери подготвеноста на оваа служба за зимската сезона.

Јавното претпријатие и кризниот штаб не смеат да бидат изненадени од зимската сезона и за истата треба да бидат максимално подготвени за одржување на сите главни улици за коишто е надлежен градот Скопје, рече Арсовска.

Таа најави дека овие вонредни контроли ќе продолжат без претходна најава и во следниот период, а сите јавни претпријатија треба да бидат подготвени да ја извршуваат својата функција во интерес на скопјани.

Од понеделник започнуваме и со дополнителни активности на засилени контроли и ревизија на активностите на јавните претпријатија како би се обезбедиле квалитетни и навремени услуги за сите скопјани, додаде Арсовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This