April 20, 2024, 12:35 am

ГРАЃАНИТЕ BPИЈАТ: Функционерската приказна на парот Ременски завршува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста на социјалните мрежи го осудува парот Ременски за делувањето на повеќе чувствителни полиња во политиката и во полицијата со заеднички сили и лобирања.

По објавувањето на веста од страна на вечер.мк дека Боки 13 му ја расипал кариерата на Јовче Ременски, твитер заедницата за тоа ја обвини и неговата сопруга, Фросина Ременски.

Според пишувањата во Вечер, Јовче Ременски требало овие денови да биде поставен за началник на директоратот за операции во АНБ, новата Управа за државна безбедност. Но, поради отворањето истрага за неговата сопруга, Јовче Ременски формално не ја добил таа функција и сега е на располагање без работни задачи што е статус кој одговара на суспендиран. Тој бил заинтересиран и инсистирал за оваа позиција, помогнато со лобирање на неговата сопруга Фросина во партијата СДСМ. Но, тој не ги исполнил условите за прв човек на АНБ, помеѓу останатото заради немање резултати во претходното работење, како и непознавање на англиски јазик.

Твитерџиите не го поштедија парот Ременски, нарекувајќи ги македонските Бони и Клајд. Парот Ременски во 2015 година пишуваа на социјалните мрежи дека не бараат функции, туку сакаат слободно да живеат.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Јовче Ременски е потенцијален ризик врз истрагата против неговата сопруга Фросина Ременски. Тие на прес конференција побараа од Дирекцијата за класифицирани информации и АНБ да ја преиспитаат одлуката со која му е доделен безбедносен сертификат и да го стават под повторна контрола Јовче Ременски.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашаа дали Јовче Ременски знаел за криминалот кој сега се става на товар на неговата сопруга и дали свесно ги прикривал и бил соучесник во истиот или нема никаков капацитет за функцијата што ја извршува? Тие повикаа ЈО да истражи дали Фросина Ременски користела информации и услуги од тајната полиција, со помош на кои го вршела криминалот кој што во моментот и се става на товар. Досега одговор од институциите нема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This