Грција започна со издавање на дигитален сертификат за вакцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грција започна да издава дигитален сертификат за вакцинација против коронавирус, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека ова е уште една грчка иновација. Тој на состанокот за спроведување на националниот план на Грција за вакцинирање рече дека потврдата не значи ограничување, туку дополнително олеснување за движење и патување.

Тој изјави дека сертификатот ќе послужи за потврда на легална вакцинација, но и за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори својот предлог до Европската унија на единствен сертификат во согласност со европските стандарди.

„Овде не станува збор за какво било ограничување, но ќе ни олесни да се ослободиме од ограничувањата што во моментов ни се наметнуваат од патувањето на европските граѓани. Тоа е нешто што особено ќе значи за нашиот туризам и перспективата на нашата економија, особено во пресрет на летната сезона “, рече Мицотакис.

(Пиксабеј)
Предлогот на Мицотакис за единствен сертификат ќе се дискутира на Самитот на ЕУ утре, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This