Дaли Америка ja oчeкyвa eкoнoмcкa kaтacтpoфa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен предупредува дека Америка ќе ја погоди „економска катастрофа“ ако не се одреди горната граница на долгот.

Таа вели дека неуспехот на Конгресот ќе ја подигне горната граница на долгот и Соединетите Американски Држави ќе влезат во финансиска криза.

– САД секогаш ги плаќале своите сметки на време, но преовладувачкиот консензус меѓу економистите и државните службеници од двете страни е дека неуспехот да се зголеми лимитот на долгот би предизвикал широка економска катастрофа, напиша Џенет Јелен во написот објавен во Волстрит Журнал.

– За неколку дена милиони Американци би можеле да останат без пари. Би можеле да видиме неограничени доцнења во критичните исплати и скоро 50 милиони стари лица би можело некое време да престанат да примаат чекови за социјално осигурување. Милионски семејства кои се потпираат на месечните ослободителни даноци за деца би можело да доживеат доцнење. Накратко, Америка нема да може да си ги исполни своите обврски, предупредува министерката.

Американскиот долг во август изнесувал 28,4 билиони долари. Пресметката на горната граница на долгот беше проследена со одлуката на Конгресот да инвестира повеќе од милијарда долари во економијата во последната година и половина како одговор на економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус. Републиканците и демократите во моментов не можат да постигнат договор за дополнителни предложени трошоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This