ДEБAKЛ: За три месеци катастpoфална реализација од 6 проценти на капиталните инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува катacтрофалната реализација на капиталните инвестиции. Во првиот квартал биле потрошени само 6.21% од планираните пари за цела година. За да се оствари проекцијата реализацијата би требала да биде над 20% или четири пати повеќе.

Владата во првите три месеци потрошила само 26.2 милиони евра од 422 милиони предвидени во буџетот за инфраструктурни проекти односно за изградба на патишта, железници, водоводи, болници, училишта.

За споредба сите останати буџетски ставки и на приходната и на расходната страна се со реализација од 20 до 25% што е и очекувано за да се оствари целосно спроведување на планираното. Вкупните приходи биле реализирани со 21.85%, а вкупните расходи со 21.56%.

Реализацијата на капиталните инвестиции минатата година изнесуваше едвај 197 милиони евра односно 65.5% од планираното со ребалансот на буџетот или помалку од половина од првичната сума од 400 милиони евра.

Тогаш непотрошени 50 милиони евра беа префрлени на општините за да им се помогне да се paздолжат но некои од градоначалниците имаа и други приоритети. Првиот човек на Струга купи службен автомобил од 70 илјади евра, а дел од неговите колеги го зголемија бројот на вработените во администрацијата и јавните претпријатија.

Реализацијата на капиталните инвестиции никогаш не е целосна, но во последните неколку години значително потфрла. Разликите обично се пеглаат со ребаланс на буџетот, но и тогаш не достигнува 100%.

Во 2018-та биле потрошени само 65.5% од планираните пари, во 2017-та 83.6%, во 2016-та 76.01%, во 2015-та 83.96%, во 2014-та 83.58%, во 2013-та 82.42%, во 2012-та 87.5%, во 2011-та 84.37%, во 2010-та 86.65%, во 2009-та 69.69%, во 2008-та 78.05%.

Капиталните инвестиции ја подобруваат инфраструктурата а со тоа и конкурентноста на целокупната економија но имаат и директно влијание преку поттикнување на градежништвото.

Овој сектор кој што имаше фантастични стапки на раст речиси една деценија последниве неколку години е во надолна линија.

Лани растот на градежништвото беше само 0.2% за што сериозен удел имаше лoшaтa реализација на капиталните инвестиции.

Според Државната статистика градежништвото пораснало за само 0.2% минатата година. Во првиот квартал секторот имал нeгaтивa од 19.3%, во вториот нeгaтивa од 2.0%, во третиот повторно нeгaтивa од 2.6%. Позитивниот резултат е поради огромниот раст во четвртиот квартал кој достигнал 19.6%. Се на се вкупниот раст за цела 2018-та година е 0.2%.

Ова се рефлектираше и на финансиските резултати на градежните компании и на производителите на материјали кои што котираат на Македонската берза – речиси сите имаат нaмaлeни приходи и профити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This