ДАЛИ ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДА ЛЕТАЧКОТО FERRARI?: Oва летачко беспилотно летало ќе има мотор V12 и три пропелери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Летечкиот автомобил на иднината неодоливо потсетува на моделот на Ferrari кој освои две титули на Светскиот шампиона во Formula 1.

Некои работи за иднината на Ferrari се веќе познати – ќе видиме повеќе хибриди кои започнуваат со SF90 оваа година, a во 2022 се очекува нивниот SUV Purosangue. Сепак, тие сè уште не започнале да работат на летачки возила, иако се појави модел сличен на нивниот, како прототип летачки автомобил. Според неофицијален извор, ова летачко беспилотно летало ќе има мотор V12 и три пропелери, пренесува TopGear.

Всушност, италијанското студио Lazzarini Design на својот Јутјуб канал објави футуристичко видео од летечки автомобил, наречен FD-One за кој во моментов се бараат инвеститори.

Овој потенцијално тркачки дрон има три пропелери и е инспириран од модели од 50-тите години на минатиот век – многу слично на Ferrari 500 F2, со кое Алберто Аскари ги освои првите две титули во Светскиот шампионат во Formula 1, 1952 и 1953 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This