April 24, 2024, 12:38 pm

ДАТУМ HEMA, А HEMA НИ ДА ИМА: Пандов го повика Заев да си поднесе ocтaвкa, но знаејќи го каков „oпинoк“ е повика на пpoтecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Датум нема, а нема ни да има – предвидува политичкиот аналитичар Александар Пандов во својата последна објава на Фејсбук, објаснувајќи дека со луѓе како Заев, Шекеринска, Јовевски и Русковска тоа не може да се случи

„Датум нема, а со Шеќеринска и Заев на чело во Влада и Рускоска и Јовевски во Обвинителство, датум нема ни да има.
А, во име на тој датум за ЕУ на Заев му беше дозволено да објавува приватни телефонски разговори (како тврди Верушевски: ,,Монтирани, лепени и сечени) од луѓе, кои му се негови политички непријатели. Малку му беше тоа, па му го направија СЈО со кое можеше преку Катица, кого сака да го притвори или ако му го треба на Заев поблаго, да го држи по цели денови во судница. На 27 Април 2017 нелегално, со 59 пратеника го избраа Таљат за претседател на Собранието и како последица на тоа што народот и патриотите влегоа во Собранито, 33-ца добија обвинија за тероризам. Заев веќе имаше ослободителна пресуда за едното евро рушвет за Вицето и здраво ги имаше ставено рацете на правосудниот систем, па покрај СЈО веќе и ОЈО беше негово. Двоецот Кацарска/Рускоска, како терористи ги осудија патриотите на тешка робија, а Крсто Мукоски и Сашо Василевски (вратарите) со селективна правда ги ослободија.

Во име на датумот за ЕУ се нижеа ,,добрососедските договори” со Тирана, па Софија и најсрамниот од Нивици. Античката историја им ја поклонивме на Грците, со забрана за нас, воопшто да користиме било какви симболи кои би не поврзале со Александар и Филип. До таму паднавме за да не ни се налутат, да го брусиме сонцето од шахтите.

На Бугарите па, во име на датумот за ЕУ им ја поклонивме цела наша останата историја, почнувајќи од ,,бугарскиот цар” Самоил, преку Гоце Делчев, Дамјан Груев до Тодор Александров, да благодарени на нашите браќа во другата држава, еве они ни прифаќаат национална посебност од 1945 наваму, та нели сме продукт на Тито и Коминтерната. Идентитетот бетон!

И покрај врелиот шамар кои му го залепи Македонскиот народ на Референдумот од 30 Септември 2018 година, Зоран Заев во име на датумот, истапшан по рамо од европските дипломати, на балкански начин успеа да обезбеди 8 предавници и да го започне менувањето на уставното ни име Република Македонија.

Како помалку важно, но чувствувам за потреба да ве потсетам на сите кражби, тендери, непотизам и корупција со кои е соочен македонскиот граѓанин за цело ова време од страна на оваа Хунта.
Како црешка на тортата на целиот криминал е Рекетот кои во организација на СЈО бил правен врз бизнисмените. И тој во име на ЕУ.

Последните вести говорат дека не што датум нема, туку и препораката за датум ни ја одзеле. До толку Брисел и ЕУ ги сметаат Заев и СДСМ за лепрозни.

После се ова Заев да има еден грам патриотско чувство во себе, не би ја малтретирал понатаму Македонија и би си поднел оставка од премиерска фунција, а час поскоро би распишал избори. Меѓутоа познавајќи го каков опинок е чинам дека е крајно време обединети сите граѓани (Албанците најизлажани се, ни канализација, ни ЕУ) на Република Македонија заедно со Македонската опозиција, пред се и над се тука мислам на ВМРО, да му излеземе на улица и да си ја земеме судбината во сопствените раце!

#Оставка
#ДолеХунта
#ПредвремениИзбори“ – пишува Пандов на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This