- Advertisement -
Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ вечерва, по распишувањето на републичкиот референдум за промена на Уставот, истакна дека промената на Уставот се однесува само на делот за избор на судии и обвинители и дека нема никаква врска со преамбулата и со Косово и Метохија.
Сметаме дека во интерес на Србија е да ја потврди одлуката на парламентот и дека тоа ќе биде голем исчекор на европскиот пат, но и за реформите што се случуваат сите овие години“, рече Дачиќ.