April 24, 2024, 11:11 am

ДВЕ ГОДИНИ ОД „ПОБЕДНИЧКОТО“ СЕЛФИ: Не добивме датум за преговори во ЕУ, а станавме најкорумпирана држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната собраниска седница се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев кој што посочи дека Република Македонија според извештајот на Транспаренси Интернешнл е најкорумпираната држава во Европа и граѓаните не треба да се чудат што досега не добивме датум за преговори со ЕУ.

-Во делот на овој закон кој што го имаме пред нас, а кој што е со европско знаменце, јас би сакал неколку работи да кажам и неколку работи да спомнам. А, тоа е следново, ако ова навистина се прави во име и функција на нашите меѓународни и европски интеграции, тогаш зошто еве и сега 2020-та година е дојдена Македонија се уште нема отпочнато преговори со ЕУ. Дали некој ќе поднесе одговорност од владата? Дали ќе поднесе одговорност Заев, кој што во барем десет прилики велеше носам убави вести, почнуваме денес со преговори, потсети Ѓорчев.

Запраша дали има некој во Македонија што не се сеќава на она селфи во владиниот авион пред две години- каде што на иста фотографија Заев, Никола Димитров, Бујар Османи, Кочо Анѓушев порачуваа радувај се Македонијо, Македонија денес започнува преговори со ЕУ.

-Две години поминаа од тогаш, а уште немаме отпочнато преговори со ЕУ. Две години поминаа, од тоа селфи на Зоран Заев, кој што има потреба да лаже за се живо и да се држи за срце. Од Никола Димитров, од Бујар Османи и од Кочо Анѓушев. Каде е почетокот на преговорите со ЕУ? Оваа Влада на секоја седница ни нуди и ни предлага закони со европско знаменце. Денес во овој заевизам официјално според листата на Транспаренси Интернешнл е најкорумпираната држава во Европа, нагласи Ѓорчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This