April 20, 2024, 12:18 am

ДЕНЕС Е СПОМЕН НА Светата мaченичkа Аквилина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан, кој беше еден ѕв ероподобен човек.

Волусијан најнапред нареди да ја ка мшикуваат, а потоа со усвитена ши пка да ѝ ги пр ободат ушите и мозокот. До последниот здив девицата Аквилина Го исповедаше слободно и јавно Господ Христос, а кога од главата почнаа да ѝ течат моз окот и кр вта, таа падна како мр тва. Мислејќи дека е навистина мр тва, намесникот заповеда да ја изнесат надвор од градот и да ја фрлат на ѓуб риште, за телото да ѝ го изедат кучиња. Но, ноќта ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Стани, биди здрава!“ Девицата стана и беше здрава и долго со благодарност Му вознесуваше слава на Бога, молејќи Го да ѝ допушти да го доврши мач ничкиот подвиг. „Оди, ќе ти биде како што молиш!“, се слушна глас од небесата. И Аквилина отиде во градот.

Градската порта сама се отвори пред неа и таа дојде и влезе, слично на дух, во дворецот на намесникот пред неговата постела. Намесникот го обзеде неискажлив ужас, бидејќи ја виде жива девицата за којашто мислеше дека ум рела. Утредента му нареди на џелатот да ја уб ие со меч. Пред ова девицата Аквилина Му се помоли на колена на Бога и го предаде својот дух. А кога беше мр тва џелатот сепак и ја отсече и главата. Нејзините мошти беа извор за ис целување на мнозина бол ни. Имаше дванаесет години кога пострада за Христа. Пост рада и се украси со маченички венец во 293 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This