Денес е спомен на свети Кирил, епископ Јерусалимски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Свети Кирил, архиепископ Јерусалимски

Роден е во Јерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315–386). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 година го наследи на престолот блажениот јерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господа. Тој имаше две тешки борби: од една страна со аријанците кои се засилија во времето на Константиновиот син Констанциј, а од друга во времето на Јулијан Отстапник, со овој цар отпадник од верата и со Евреите.

Во времето на силата на аријанците на денот на Педесетница се јави знакот на Крстот, посветол од сонце, се простираше над Јерусалим и над Елеонската Гора. Ова траеше неколку часа, а почна во девет часот наутро. За оваа појава што ја видоа сите жители на Јерусалим му пишаа и на царот Констанциј и тоа на мнозина им послужи за утврдување во Православието, а против аријанската ерес. Во времето на царот Отстапник се случи друг знак. За да го понижи христијанството, Јулијан ги наговори Евреите да го обноват Соломоновиот храм. Свети Кирил Му се молеше на Бога тоа да не стане. И имаше страшен земјотрес којшто урна сè што беше обновено на храмот.

Тогаш Евреите почнаа одново да градат. Но, повторно фати земјотрес и го урна не само новоизграденото туку и старите камења кои уште се држеа на земјата. Така се обвистини зборот Господов: „ни камен на камен овде нема да остане“. Од многубројните списи на овој свет отец зачувана е само неговата „Катихетика“, првокласно дело што ја потврдува верата и праксата на Православието до денешен ден. Овој светител беше необичен архипастир и голем подвижник. Се одликуваше со смирение и кротост, а сиот беше испостен и блед во ликот. После многуплодниот живот во подвиг и витештво за верата во Христа, мирно се упокои во Господа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This