ДЕНЕС Е СПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК ИСИДОР: И телото да ми го уб иеш, над мојата душа немаш власт. Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германец по потекло. Кога дојде во Ростов ја засака православната вера, па не само што стана член на Православната Црква туку го зеде на себе и тешкиот подвиг на јуродството. Одеше сиот во партали. Денот го минуваше правејќи се луд и под вид на лудост ги поучуваше луѓето, а ноќта ја минуваше во молитва. Ноќеваше во една колиба од гранки, којашто самиот си ја направи.

Во времето на царот Декиј, Исидор беше наcила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела.

Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара отчет и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жpтва на идолите. Светителот одговори: „И телото да ми го уб иеш, над мојата душа немаш власт. Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смpт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам да го исповедам Неговото Свето име дури е духот во моето тело“.

Војводата нареди и најпрво го биеја Исидор со воловски жи ли, а потоа му го отcекоа јазикот. Меѓутоа, и без јазик Исидор со Духот Божји говореше и го исповедаше Христовото име. Војводата пак, го постигна Божја ка3на и одеднаш он еме. Нем најпосле даде знак да го уби јат Исидор со ме ч. А Исидор ѝ се зарадува на преcудата и фалејќи Го Бога најпосле излезе на губи лиштето, каде што му ја отcеkоа главата, во 251 година. Неговиот другар Амониј го погpеба неговото тело, а за таа своја постапка и самиот поcтрада и прими венец на мач еништво.

Овој светител покажа големи и cтpашни чуда и за време на животот и после cмpтта. На еден трговец, кој беше исфрлен од коработ и се давеше во морето, Исидор му се јави одејќи по водата и го изведе на брегот. Кај ростовскиот кнез пресушија еднаш сите садови со вино, бидејќи слугите го избркаа Исидор од пред вратата и не му дадоа чаша вода. Кога умpе, во 1484 година, на 14 мај, во својата колиба, сиот Ростов замириса со некој прекрасен мирис. Оној трговец когошто блажениот Исидор го спаси од морето, му подигна црква на местото каде што беше неговата колиба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This