ДЕНЕС Е СПОМЕН НА Светите маченици Аникита и Фотиј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги измачува, пред него застана свети Аникита, кој беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господа Исуса Христа, Бог воплотен во тело заради нашето спасение.

При ова, Аникита уште и ги разобличи идолите како глуви и неми камења на кои еден разумен човек е недостојно да им се поклонува. Разјарен, царот нареди и му го отсекоа јазикот. Но, со силата Божја Аникита и натаму говореше. Тогаш на него пуштија лав, но лавот се умилкуваше околу него. Во тој миг падна храмот на Херкул. Фотиј, роднина на Аникита, го виде овој случај и трпењето на Аникита, па го бакна Аникита, се објави себеси за христијанин и му возвикна на царот: „О идолопоклонику, засрами се, твоите богови се ништ ожници!“ Царот нареди веднаш да го уб ијат со меч. Но, кога крена рака на свети Фотиј, џелатот со мечот се уд ри самиот себеси и ум ре.

По долги ма ки и двајцата ги фр лија во затвор и лежеа таму три години. Тогаш ги изведоа, усвитија огромна печка и ги фрлија во оган. Мнозина христијани, мажи, жени и деца, своеволно влегоа со нив во огнот. И од огнот се слушна молитвата на христијаните со која Му благодареа на Бога за маченичката см рт. Сите пос традаа околу 305 година. Светите Аникита и Фотиј се повикуваат во молитвите на маслосвет и водосвет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This