ДИKTATУРATA СЕ НАДМИНА: Поднесен предлог за kpивичнa постапка пpoтив уредникот на Инфомакс, Александар Митовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русковска обвинителството конечно се надмина и себеси. Наместо на распит да биде повикан Зоран Заев, Радмила Шекеринска и останатите споменати политичари во исказите на сведоците, односно пријавителите за случајот „Рекет“, обвинителството ќе го гони гласникот. Не дека тоа значително не зачудува, имајќи во предвид дека во Македонија се соочуваме со диктатура од Севернокорејски размери, но тоа што ниту едно еснафско здружение со исклучок на МАН не застана во одбрана на слободата на говорот зачудува. Зачудуваат и странските претставници во земјава кои до 2016.година беа исклучително гласни во наводната одбрана на слободата на говорот. Нејсе, борбата ќе ја водиме до крај….

 

 

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка.

Во поглед на околностите на кој начин овој записник е излезен од списите на предметот и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, обвинителството ќе поведе кривична постапка доколку утврди кое лице го предало и за тоа обезбеди докази.

Пазете, „обвинетиот новинар“…има ли дефиниција која погласно зборува за диктатура?!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This