ДИМИТРОВ НЕ Е ПОВЕЌЕ ОПТИМИСТ: Датум во октомври, мало сутра?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реален оптимизам или предупредување во завиена форма дека Македонија останува во чекалната на големото европско семејство. На еден месец до одлуката на Советот на ЕУ, шефот на македонската дипломатија најавува дека постои ризик ниту октомври да не биде месецот во кој ќе добиеме датум за преговори со ЕУ. Наспроти целата кампања која ја водеше владата, бројните фотографии од висина дека готово – ќе добиеме датум, Никола Димитров во интервју за Агенција Европа, предупредува за ризици кои и се закануваат на Македонија.


-Сите погледи се сега свртени кон средината на октомври, мислам дека влогот е таков што има сериозни размислувања во престолнините за начинот да се зграпчи оваа прилика во момент кога нема многу прилики за успех. Нема да биде лесно за мене, како министер, да се вратам дома после октомври и да речам дека ќе одлучуваат идната година, потребно ни е политичко гориво за да продолжиме да одиме напред“, објаснува Димитров.

Министерот за надворешни во интервјуто, не добивањето на долго најавуваниот датум во јуни го правда со тоа дека министрите немале доволно време да го разгледаат напредокот во четирите клучни области дефинирани во јуни 2018, поради кусиот рок помеѓу објавувањето на извештајот на Европската Комисија и одржувањето на Советот на ЕУ.

Во обид да го прикрие евентуалниот неуспех, Димитров најавува и нова теза, односно дека не добивањето на датум ќе зајакнеле скептиците, националистички сили и популистите, а тоа ќе одело во корист на оние кои се сомневаат во европскиот проект.
Запрашан што мисли за новиот предлог за комесар за проширување на претседателката на Европската Комисија, поранешниот унгарски министер за правда, Ласло Трочањи, Димитров наместо коментар најавува оти Македонија имала спор со Унгарија околу азилот на осудениот поранешен премиер, Никола Груевски, но требало да има соработка меѓу двете земји.

-Охрабрени сме и ги цениме пораките на избраната претседателка во однос на нашиот регион, нејзиниот интерес и цениме дека во ЕК е навистина важно да се сочуваат двата столба врз кои почива успешно членство, вели Димитров.

Инаку Првиот дипломат Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Османи изминатава недела со набиена агенда во европските членки водачи пробуваат да ги добијат и последните симпатии кај меѓународните тешкаши. Но освен изјавите на владините претставници, ниту една земја во која беа во посета не даде никаква изјава ниту пак ветување за поддршка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This