April 16, 2024, 11:02 pm

ДИМИТРОВ ПОТПИШАЛ, А НЕ ЗНАЕЛ ВО ЧИЕ ИМЕ ПОТПИШУВА: Имате договор потпишан од министер кој што не се знае во име на кого го потпишува, вели Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имате договор потпишан од министер кој што не се знае во име на кого го потпишува, никаде во договорот не пишува на која држава е тој министер, изјави вечерва Христијан Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, зборува за тоа сите скриени точки во капитулантскиот договор со Грција, кои СДСМ сака да ги прикаже како победа.

– Со овој договор престануваат да важат сите претходно стекнати права кои што ние сме ги имале, кои што се дел од резолуцијата на ОН, на времената спогодба, на хашката пресуда…Во многу нешта ќе кажат го сочувале идентитетот, што не е точно, затоа што сега имаме комплетно преименување на сите институции во Република Македонија. Ние нема веќе да имаме МАНУ, туку ќе имаме Академија на науките и уметностите на Северна Македонија. Па, видете го вие претседателот на таа институција кога беше овој процес во период на преговарање јавно и гласно излезе и кажа дека промена на Уставот со цел промена на уставното име ќе значи директна промена на идентитетот. За тој човек потоа поплука на тоа што кажа и да каже епа не било тоа толку страшно – вели Мицкоски.

Тој запраша и што ќе се случува со банкнотите.

– Јас не можам да верувам на човек кој се колнеше во дедовина и татковина, па дури во многу наврати ги меша и сопствените деца, па и ја менува својата клетва. Не можам да имам реална база да му верувам – вели Мицкоски за Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This