ДОСЕГА ОТКРИЕНИ ОСУМ ВИДОВИ: Kopонавирусот мутиpa тврдат експерти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертите велат дека новиот коронавирус мутира, како и сите други вируси и сега има осум видови што кружат низ целата планета.

Добрата вест е дека мутациите не се смртоносни, истакна Тревор Бедфорд, чија веб страница „Некст стреин“ (NextStrain.org) го следи геномот на вирусот користејќи примероци од сите делови на светот.

Експертите ги следат геномите на коронавирусот и откриваат видови што се појавија откако вирусот првпат минатата година се префрли од животно на човек во кинескиот град Вухан.

– На прашањето дали се менува генетски, одговорот е апсолутно да, истакна епидемиологот Марк Липситч од Харвард.

Прашањето е дали се случила некоја промена што го одредува правецот на движење на болеста или пренесувањето или други работи што се важни за луѓето, додава Липситч.

Експертите велат дека новите видови многу малку се менуваат и нема разлика во смртноста.

-Забележаната стапка на мутација (две мутирања месечно) е сосема нормална за вирусите. Грипот обично има ист број на мутации, дури и повеќе, напиша Бедфорд на својот Твитер профил.

-Епидемиите можат да се следат. Во состојба сме редоследно да го секвенционираме геномот за да утврдиме кои видови или родови циркулираат, изјави Чарлс Чиу, професор по инфектологија на Универзитетот во Калифорнија.

И додека досега дешифрираните геноми даваат информации за тоа како неговото ширење може да се запре и дали помага дистанцата меѓу луѓето, а се покажува дека помага, тие не се ништо повеќе од скица, предупредуваат научниците. Тие се согласуваат дека останува да се открие многу, но микроскопските промени им помагаат да ја утврдат патогената патека низ човечката популација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This