ДРАМАТИЧЕН ПOPAЗ ЗА ЛЕВИЧАРИТЕ ВО АНГЛИЈА: Борис Џонсон со aпcoлутна победа на предвремените избори во Велика Британија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Излезните резултати, по затворањето на гласачките кутии во 22.00 часот на предвремените парламентарни избори во Велика Британија укажуваат на сериозна победа на конзервативците предводени од Борис Џонсон, пренесуваат тамошните медиуми

Конзервативците, според досегашните прелиминарни резултати, најверојатно ќе добијат 368 места што значи мнозинство од 80 пратеници во Англискиот парламент, додека Лабуристите доживеаа драстичен пораз со 191 место.

Со овие бројки, Ториевците добиле 51 место повеќе, Лабуристите изгубиле 71 што е фијаско за лидерот на левичарите на Џереми Корбин. Шкотската национална партија (СНП) добива 55 места (20 повеќе од претходниот мандат), додека Либерал демократите ќе добијат 13 места (едно повеќе од претходниот мандат), предвидува прелиминарниот резултат.

Овие избори во Велика Британија беа оценети како едни од „највалканите“ во смисла на сомнителни изборни тактики.

Со Борис Џонсон на чело на Англиската влада, Велика Британија е се позивесно дека набрзо и ќе го напушти Европското семејство, откако прво ќе се исполни ветувањето на Џонсон за потпишување на договорот за Брегзит со ЕУ, што беше и негов изборен слоган.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This