Една личност во собата каде што седите има Koвид-19. Еве колку време е потребно за да се 3apaзите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одржувајте 2 метра растојание. Издадено од центрите за контрола и превенција на болести и усвоено од многу бизниси, ова е упатството според кое повеќето од нас живеат за време на Ковид-19.

Но, бидејќи времето надвор станува студено и некои од нас се принудени да престојуваат во затворени простории, Џон Буш, професор по применета математика на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), го нарекува ова правило опасно и површно. Бидејќи кога сте внатре, микроскопските капки се заробени покрај вас во ограничен простор, така што растојанието од две метра не го спречува вирусот да лебди во воздухот во вашата дневна соба каде што потенцијално можете да го вдишите.

Тогаш, дали некој од нас е безбеден во затворен простор во ерата на Ковид-19? Дали сме безбедни кога одиме во продавница?

Буш и неговиот колега Мартин З. Базант одговорија на ова прашање со комплексен математички модел што стимулира динамика на флуиди на респираторни капки исполнети со вирусот во која било просторија, од кујна до огромна концертна сала.

Бидејќи равенката е премногу комплицирана, тие ги претворија нивните откритија во бесплатна онлајн-алатка. Доколку ја посетите нивната веб-страница ТУКА, можете да создадете сопствено сценарио за да ги процените ризиците за зараза од Ковид-19.

Алатката претпоставува дека едно лице во просторијата со вас има Ковид-19. Потоа ви дава неверојатна количина на контрола за да ги измените променливите што се во игра. Овие променливи вклучуваат детали за објектот: колкава е квадратурата? Која е висината на таванот? Дали има стандардна домашна печка или има ХЕПА-филтер? Колкава е влажноста? Дали е отворен прозорец? Исто така, варијаблите вклучуваат секакви детали за однесувањето на луѓето: Колку луѓе има со вас? Дали носат маски? Памучни или хируршки? Дали правилно ги носат маските или им се под носот? Дали шепотат или пеат?
На прв поглед сите овие контроли може да изгледаат комплицирано за поставување одредено сценарио. Но, вреди бидејќи алатката дава многу јасен одговор за тоа колку се безбедни луѓето во една просторија кога се заедно.

Пример: Сте уживале во вечера во една типична трпезарија со група од 10 луѓе. Луѓето зборувале нормално. Никој не носел маска бидејќи сите јаделе. Воздухот имал просечна влажност.

– Врз основа на овој модел, безбедно во оваа просторија е 18 минути. Ако едноставно сте го следеле упатството за растојание од 2 метра и носење маски, овие гости би биле безбедни да се дружат неодредено време. Што е бесмислено.

Но, што ако носеа маски? Одлично прашање. Ајде да претпоставиме дека никој не јадеше и сите разговараа носејќи памучни маски. Отворањето на прозорците ја зголемува вентилацијата и помага. Ви дава дополнителни шест минути. Но, замената на памучните маски со хируршките маски го зголемува времетраењето на два часа. Но, ако овие хируршки маски се носени неправилно, безбедносното време опаѓа на 32 минути. Човечките фактори се многу важни.

Ова е демонстрација дека правилното носење маски многу помага.

Сепак, алатката има недостаток. Таа моделира само една болна личност во просторијата, а не она што се случува кога вистинските стапки на инфекција ќе се случат.

Ова е само модел и симулација – најдобрата претпоставка на истражувачите за тоа како функционира светот. Не е совршена и не може да ја гарантира вашата безбедност во која било ситуација. Но, ако ја искористите правилно, ќе ви даде утеха дека сте малку побезбедни отколку што мислите.

Извор: Fast Company
Фото: Freepik

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This