March 28, 2024, 10:48 am

ЕКС СОПСТВЕНИКОТ НА АГРОКОР ЕКСТРАДИРАН ВО ХРВАТСКА: Тодориќ испорачан во Хрватска и сместен во истражен затвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот сопственик на „Агрокор“ Ивица Тодориќ, против кого е покрената истрага поради „стекнување материјална корист“, синоќа беше екстрадиран во Хрватска, една година откако беше уапсен во Лондон, каде замина по избивањето на аферата „Агрокор“.

Непосредно по слетувањето на авионот на хрватскиот аеродром, Тодориќ е одведен во истражниот затвор во Реметинац.

Во затворот му е врачено и судско решение за одредување истражен затвор, на кое има право на жалба.

Хрватското Министерство за внатрешни работи соопшти дека „во текот на вечерните часови хрватската полиција го спровела 67-годишниот хрватски државјанин од Велика Британија во Република Хрватска, односно во надлежниот затвор“.

Тодориќ замина во Лондон тврдејќи дека е изложен на политички прогон од хрватските власти.

Откако му беше потврдена одлуката за екстрадирање во Хрватска, тој изјави дека е „малку разочаран“, но дека е подготвен за натамошни битки.

Истрагата против Тодориќ беше покрената минатата година поради сомневање дека од „Агрокор“ „извлекол“ повеќе од милијарда куни (1 куна = 0,135 евра).

МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This