Експерти: Луѓето над 40 години треба да работат само 3 дена во неделата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од особено значење за мозокот е да биде стимулиран во секоја фаза од животот.


На мозокот му е потребна храна исто како и на телото. Со стимулација на мозокот, ќе бидете во одлична форма дури и во подоцнежните години од животот.
Но, многу е важно на кој начин го стимулирате вашиот мозок. Преоптоварувањето на овој орган е штетно.

Резулатите од најновите истражувања покажуваат дека луѓето на воздраст над 40 години не треба да го преоптоваруваат мозокот со премногу работа бидејќи резулатот е контрапродуктивен.
Когнитивната функција на мозокот може да опадне дури и во 40те години. Се манифестира со губење на способноста за фокус и помнење важни факти. Ова се случува најчесто заради премногу работа.

Институтот во Мелбурн за Применити Економии и Социјални Истражувања направи интересно истражување во врска со работните часови на лицата над 40 години.
Студијата беше извршена на 3500 жени и 3000 мажи на воздраст од 40 години и повеќе.

Она што тие открија е дека 30 часови работа неделно се доволни за лицата над 40 години. Оваа граница е одлична за подобрување на когнитивната функција на лицата во тие години, но со надминување на оваа граница, работата на мозокот се влошува.

Истражувањето покажало дека со 55 работни часови, вложувањето на когнитивната функција во мозокот е полоша дури и во споредба со луѓето кои не се вработени или пензионирани.
Луѓето кои учествувале во ова тестирање, биле надгледувани додека им била дадена задача да читаат на глас зборови, букви и бројки.

Професорот Колин Мек Кензи, кој го изведувал ова истражување изјавил дека индикациите од тестирањето се резултирале врз способноста за мислење и помнење. Способноста за помнење се одразува врз фукнцијата на читање на текстовите, додека способноста на функцијата за мислење се одразува врз меморијата, апстрактното и прецизно резонирање.
Професорот истакнува дека со тоа што властите во некои држави сакаат да ја покачат старосната граница на пензионирање и ги форсираат луѓето да работат подолго време, мораат прво да размислат и да ги земат во предвид работните часови за лицата над 40 години.

Сепак истражувањата се уште се во тек бидејќи мора да се одреди конкретно за каков тип на работа станува збор.

„Интелектуалната стимулација е одлична доколку сакате да ја одржувате когнитивната функција на вашиот мозок. Тоа може да го правите решавајќи судоку, крстозборки но, мора да бидете внимателни.
Многу е важно за луѓето над 40 години да се свесни до кој степен ја извршуваат стимулацијата, се што им задава главоболка и стрес е знак дека треба да запрат со извршување на таа работа и да одморат.
Ако чувствувате умор или било какви знаци на когнитивно опаѓање време е да размислите да земете одмор и да не ја надминете границата на 30 работни часови неделно ако сакате вашиот мозок да го одржите здрав.“ ијавил професорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This