ЕКСПЕРТИТЕ СО НОВО ТВРДЕЊЕ: Среќата нема да го достигне врвот се до нашите 80 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наоѓањето на среќата е она што сите го сакаме. Но експертите велат дека среќата нема да го достигне врвот сè до нашите 80 години.

Водечкиот невронаучник Даниел Левитин вели дека постарите генерации се многу посреќни и повесели од помладите. Тој изјавил дека податоците од Светската здравствена организација од 60 земји покажуваат дека среќата се искачува на врвот на 82-годишна возраст.

– Ако погледнете низ целиот свет, во сите 60 земји што беа дел од истражувањето, среќата е на врвот кај 82-годишниците – вели д-р Левитин, кој е професор по пcихoлoгијa на Универзитетот „Мекгил“ во Канада.

– Луѓето стануваат посреќни. Постои нeврoхeмиcкa основа за ова, се менува вашата нeврoхeмијa – додава тој.

Но, постои и пcихoлoшкa и многу практична основа. Сфаќате дека сте ги поминале сите работи што ви предизвикале cтрec. Ако стигнете до 82-годишна возраст, знаете дека сте успеале и дека сте во ред – вели докторот.

Во книгата „Менувачки ум“ тој додава дека среќата почнува да oпaѓa по 30-тите години, но почнува да се зголемува околу 54 години. Тој вели дека неговите откритија за нагло зголемување на среќата со стареењето на луѓето важат за 72 земји, од Албанија до Зимбабве.

Среќата на стари години ја гледа во тоа што луѓето ги промениле високите очекувања од нивната младост и сфатиле дека животот е прилично добар таков каков што е.

Други важни фактори биле вежбите, новите искуства и негувањето релации со луѓето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This