ЕМ ШУТО, ЕМ ПРОБУВА ДА БОДЕ: Митко Јанчев се „заканува“ со тужби за клевета и навреда против Николоски и Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Митко Јанчев, кој вчера беше разрешен од функцијата потпретседател бидејќи заедно со Никола Тодоров, Сашо Мијалков и уште неколкумина други дејствувале во спротивност на партиските и државните интереси, а во претходен договор со Зоран и Вице Заеви уценувале, се заканувале и вршеле притисок врз пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени, денес побара „јавно извинување“ од Мицкоски и Николоски


Според Јанчев, кој тврди дека бил член на ВМРО-ДПМНЕ и ќе останел „ВМРО во душа“, иако досега го докажувал само спротивното, се почувствувал навреден од вчерашната прес конференција на која беше прочитан заклучокот од состанокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Митко „Кожувчанка“ како што е познат во градот од каде што доаѓа, се закани дека ќе ги тужел Николоски и Мицкоски за „клевета“.

„Поради ваквите неосновани и крајно непрофесионални навреди од страна на Христијан Мицковски и Александар Николовски кои се обидуваат да го нарушат мојот авторитет, барам јавно извинување и од г-дин Христијан Мицковски и од г-дин Александар Николовски. Во спротивно кон нив двајцата ќе поднесам приватни тужби за клевета и навреда на мојата личност.“ – вели Јанчев.

Со вакви тужби претходно се закануваше и Зоран Заев уште на прес конференцијата по гласањето за Уставните измени во Собранието на Р.Македонија. Слични закани упати и неговиот брат Вице Заев, кој вложи неколку тужби за клевети против медиуми, кои ги загуби. Трендот, секако го следи и Митко Јанчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This