ЗА ДЕНОТ НА OCЛОБОДУВАЊЕTO НА СКОПЈЕ: Бјело Дугме ќе има бecплатен концерт за 13 Ноември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопје ќе го слави Денот на ослободувањето на градот со концерт на легендарната група „Бјело дугме”. Настанот ќе се случува на 17-ти ноември на плоштадот Македонија, и планирано е заедно со основачот на групата, Горан Бреговиќ, да дојдат и поранешните пејачи на бендот – Жељко Бебек, Тифа Војиќ и Ален Исламовиќ.

Веста дека со хитовите на „Бјело дугме” ќе се празнува 13-ти Ноември веќе се прошири помеѓу јавноста и покрај тоа што од Град Скопје се уште не излегле со официјална информација.

Сепак, долгогодишната соработничка на Бреговиќ, вокалистката Васка Јанковска, за „Фокус” ја потврди веста.

-Да, сигурен е концертот, истиот беше договорен кога пред извесно време Бреговиќ гостуваше во Струмица. Настанот е намерно поместен на 17-ти, поради одржување на друг концерт на 13-ти ноември. Ова е одлична можност за добра забава со безвременските хитови на „Бјело дугме” за сите генерации – вели Јанковска.

„Бјело дугме” започна да функционира во далечната 1974 година и беше еден од најпопуларните бендови во поранешна Југославија. По неколку годишната пауза, музичарите повторно настапуваат заедно и се чести гости насекаде во светот, со хитовите кои ги снимија пред неколку децении.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This