Осигурителните компании ќе платат 377 илјади евра оштетувања на новите автобуси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новите автобуси кои ги промовираше градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов беа набавени со кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони евра.

Шилегов потенцираше новите автобуси на гас споредбено со кинеските дизел е 60 евра од еден автобус дневно, односно годишно со набавката на 33 автобуси ќе се заштедат од 700.000 до 900.000 евра.

Шилегов рече дека набавката на овие автобуси значително ќе го подобри функционирањето на „ЈСП Скопје“ и ќе ги намали трошоците на неговото работење, бидејќи 202 автобуси, што беа набавени пред 7 години се со лош квалитет, истите често се расипани, а во случајот со кинеските автобуси, поради непостоење на овластен застапник не постои можност за нивна сервисна и техничка поддршка.

На 10.07.2020 година Град Скопје го промовираше пуштањето во употреба на новите екоавтобуси на гас.

-Новите екоавтобуси на гас, од германската компанија MAN се дел од возниот парк на ЈСП и од денеска возат по нашите улици, со што Скопје стана дел од европски метрополи коишто користат екоавтобуси. Возачите коишто ги возат новите автобуси на линии 2, 5, 15 и 57, имаа стручна обука од сертифициран возач од Хрватска, стои во објавата на официјалниот портал на Град Скопје.

Набавката, според системот за јавни набавки чини 377.000 евра, пари кои ќе бидат обезбедени преку осигурителната компанија.

– Доволно е елементарно познавање на проблематиката за од склучениот договор да се пренесе вистината и фактичката состојба за набавката. Предмет на набавка се резервни делови и материјали за одржување на автобуси МАН за време на гаранциски период во случај кога штетата е настаната од страна на трети лица (сообраќајна незгода), кои делови или материјали се покриваат од страна на осигурителна компанија. Имено, во случајов, ниту Град Скопје, ниту ЈСП Скопје нема да потрошат ни цент од буџетските средства, односно пари на граѓаните, а не пак 377 илјади евра! Средствата ќе бидат покриени од страна на осигурителните компании и тоа преку каско осигурување или А/О, односно народски кажано со европски извештај. Инаку, ЈСП Скопје после една година од пуштање во употреба на новите МАН возила, веќе регистрира придобивки од нивното користење од повеќе аспекти, а, пред сè, бенефитот го чувствуваат корисниците на јавниот превоз, велат од ЈСП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This