ЗАБРЗЕТЕ ГО РАСТОТ НА КОСАТА: Овие намирници ќе ви помогнат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Cекој од нас во одредени делови од годината има чувство дека косата повеќе му паѓа, или пак како воопшто да не му расте.

Ако сакате да го подобрите квалитетот на влакното, а притоа и да го забрзате растот на косата, обрнете внимание на храната што ја внесувате.

Голем дел од намирниците кои секојдневно ги употребувате можат да ви помогнат за проблемот што го имате, но не сте го знаеле тоа.

Во продолжение ви презентираме дел од намирниците што е добро да ги имате на дневното мени:

Јајца

Јајцата се богати со протеини, а во својот состав содржат и биотин кој помага при забрзување на растот на косата, но и зајакнување на влакното.

Авокадо

За популарноста на авокадото може да им заблагодариме и на милениумците и инстаграм блогерите, но факт е дека оваа намирница, покрај другото, е богата со витамин Е, кој е мошне важен за раст на косата. Сите витамини во авокадото ја подобруваат циркулацијата во крвта поради која фоликулите на косата се поделотворни.

Спанаќ

Спанаќот е полн со елементи од фолна киселина, па сè до железо и витамини А и Ц, а сите овие го забрзуваат растот на косата.

Лосос

Протеини, витамин Д, омега 3 масни киселини, се само дел од богатството што лососот го содржи во себе, а сите го стимулираат растот на косата.

Киноа

Киноата е прогласена за „кралица за чистење на организмо“. Списокот зошто е добро да се јаде киноа е долг, но помеѓу другото е одлична и за раст на косата, бидејќи е богата со цинк. Ја одржува косата здрава. Ако пак, забележите дека ви е сува и слаба, значи дека во организмот ви недостасува цинк, затоа киноата нека биде дел од секојдневното мени.

Семки од сончоглед

Богати се со витамин Е, кој е одличен антиоксидас и ги штити клетките од оштетување. Но, исто така, витаминот Е е одличен за превенција против опаѓање на коса и создавање првут.

Портокал

Познато е дека е богат со витамин Ц и А, како и антиоксиданси кои помагаат за побрз раст на косата. Одличен избор на витамин Ц, кој пак ја помага апсорпцијата на железо. Токму од таа причина, портокалот е одличен додадок со појадокот со житарици, бидејќи побрзо ќе го впие железото од оброкот кој сте го имале.

Сладок компир

Можете да го јадете како пире, или на класичен пекарски начин, но секако ќе биде здрав и одличен и за организмот и за косата. Содржи бета каротен кој после консумирањето станува витамин А, кој пак, помага косата и кожата на главата да бидат здрави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This