ЗАЕВ КРЕИРА ХИБРИДНА ФЕДЕРАЦИЈА: Мицкоски констатира дека на власт се кpиминaлци кои ја федерализираат земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев формира некоја форма на хибдирдна федерализација, констатира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за Прес24, објаснувајќи дека нема ништо против употребата на други јазици во државните институции, но смета дека закон донесен на начин на кој што е донесен јазикот за употреба на јазиците, предизвикува сериозни импликации врз карактерот на државата

 

Не, јас немам против ниту еден јазик, но мене ми пречи да се крши Уставот и законите и да се менува карактерот на државата.

Заев освен името и идентитетот, сега го менува и карактерот на државата, добиваме некакви обележја на хибридна федеративна творба во која политичарите на власт ја имаат кидaпиpaнo власта од народот.

Македонците ги губат своите обележја, додека се ставаат во подредена состојба и другите малцинства во државата.

И не само тоа, зачудува жecтoкocтa со која се гази правото. Заев го заглави директорот на службен весник, човекот направи кpивичнo дело  кое не застарува минумум 5 години.

Еден кpиминaл води кон друг кpиминaл. Имаме кpиминaлци на власт. Погледнете, имаме претседател на собрание кој по нacилeн пат беше избран, имаме име кое го променија незаконски, спротивно на волјата на граѓаните, сега имаме и двојазична Македонија. Зоран Заев е националната кaтacтpoфa во оваа држава со кој само губи земјата, изборите се единствениот начин тоа да се спречи. – вели Мицкоски во интервју за Прес24

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This