ЗАЕВ МУ ГО СВРТЕ ГРБОТ НА ВРАНИШКОВСКИ: Владата му го одзела пасошот на Вранишковски на граничниот премин Меџитлија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Завчера на 9ти Јули, на граничниот премин Меџитлија кај Битола, од страна на Министерството за внатрешни работи одземена му е патната исправа на српскиот егзарх Јован Вранишковски, пренесе „Експрес.мк“

Според групата следбеници на екс владиката на МПЦ – ОА, МВР не дало објаснување за одземање на пасошот.

Според ПОА “таква дискриминација со одземање на патни исправи без никакво образложение, својствено е за правно неуредени држави, држави во кои нема никакво владеење на правото”.

“Дали е ова ќеф на владината врхушка, која само декларативно пред претставниците на Европската Унија се залага за владеење на правото, набрзо ќе се дознае, секако доколку јавноста се заинтересира зошто е направено такво беззаконие, какво што денес му се прави на Архиепископот охридски Јован, а утре на било кој друг”, прашуваат следбениците на Јован за кои Владата, од една страна декларативно вели дека подава рака кон секого, но во стварноста ги прекршува верските слободи и очигледно со ваквата дискриминација има намера да влијае врз организацијата на прославата 1000 години од основањето на Охридската архиепископија.

Групата на Вранишковски тврди дека со верскиот прогон, Владата го крши и Уставот и меѓународните конвенции, кои ги има потпишано, со што ја продолжува праксата на претходната Влада, за што, од Европскиот суд за човекови права во Стразбур неодамна ѝ беше наложено да ѝ плати оштета на Православната Охридска Архиепископија.

Одземањето на пасошот на Вранишковски е изненадување ако се знае дека најмалку тројца негови блиски соработници се на високи позиции во владата на Заев а еден е раководител на владиниот тим за пропаганда.

Ниту еден од директорите и функционерите активисти на ПОА кои работат во владата не изреагира јавно за инцидентот ниту понуди оставка во знак на револт за односот кон егзархот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This