ЗАЕВ НА ВЕЧЕРА ВО ХОТЕЛОТ НА ИВАН САВИДИС: Рускиот бизнисмен го частел Заев новогодишна прослава, а шест месеци подоцна финансирал протести против него?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чиј човек и кој добивал негови пари е прашањето кое го отвори Зоран Заев, откако паушално реши да даде изјава за наводно финансирање на протестите организирани од навивачката група „Комити“, кои добиле, како што вели премиерот 200.000 евра од про-руски бизнисмен од Грција

Обидувајќи са да го одвлечат вниманието до катастрофалните политики и претстојните преговори со опозицијата на лидерските средби кои се организираа оваа недела, Зоран Заев фрли димна бомба за јавноста, на која како договорени, провладините медиуми во рок од неколку часа го лоцираа и името и презимето на про-рускиот бизнисмен кој наводно ги финансирал протестите во Скопје организирани од навивачката група „Комити“.

Манипулацијата отиде дотаму, што странска новинарска мрежа објави и наводни документи од Управата за контраразузнавање на Р.Македонија, на кои може да се види дека бизнисменот кој наводно финансирал протести бил грчкиот бизнисмен со руско потекло Иван Савидис. 24 часа подоцна, пристигна и демант од компанијата на Савидис, а беа најавени и тужби за премиерот како и за медиумите кои објавиле ваква информација. Сепак, останува прашањето дали се медиумите виновни за ваквиот обид за манипулација, или пак се работи за смислена шема во која е инволвирана и УБК.

Имено, Иван Савидис е руски бизнисмен со потекло од Грузија, кој своето богатство решил да го инвестира во Грција. Савидис го контролира грчкиот фудбалски клуб ПАОК, поседува дел од капиталот во солунското и уште неколку пристаништа, поседува хотели, плантажи и редица на други бизниси. Во Грција, Савидис е познат по својот темперамент и обичај да предизвика драма секогаш кога е во јавност.

Савидис, освен бизнисмен има и политички аспирации. Можеби не за функција, но за влијание во политиката – секако. Тој важи за еден од главните финансиери на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој во интервју за време на претходните избори го нарече рускиот бизнисмен за „еден од нашите“. Савидис е и добар пријател со Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, кој добива речиси безусловна поддршка – главно во финансии – за време на секој изборен циклус.

Иван Савидис ја контролира и компанијата „Атлантис ПАК ЛЛЦ“, чија главна дејност е туризам, поточно управување со низа на хотели на грчкото крајбрежје. Меѓу другите, во сопственост на оваа компанија е и хотелот „Македонија Палас“ во Солун, каде гостин беше и Зоран Заев. И тоа не еднаш, туку во неколку наврати. 

Еднаш на тричасовна средба со Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, каде, како што тогаш пишуваа провладините медиуми, во опуштена атмосфера со морски плодови и сортно вино, тие разговарале за односите помеѓу двата народи. Инаку, Јанис Бутарис има потекло до македонско Крушево.

Втората посета на Заев во хотелот на Иван Савидис беше за време на прославата на Новогодишната вечер во 2017 година, кога тој на покана на Бутарис (која тој ја негираше подоцна), ја прослави „најлудата вечер“ во друштво на својот брат Вице Заев и неколку негови соработници со поубавите половини.

Ова, меѓудругото е и причината зошто провладините медиуми одненадеж, како што започнаа така и замолчеа со ширењето на манипулативните текстови за наводни финансии кои биле упатени од Савидис до „Комити“.

Секако, ваквите погрешни информации биле снабдени од УБК, до дел од медиумите меѓу кои и странски, за што МВР ќе мора да спроведе интерна истрага и да ги изведе пред лицето на правдата оние кои решиле да ја користат државата за сопствените хирови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This