ЗАЕВ ОДИ ЗА АМЕРИКА: Заедно со Османи, Димитров, Филипче и Нуредини ќе учестуваат во работата на Генералното собрание на ОН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата Зоран Заев, и владина делегација во состав заменик претседател во Владата за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, од 23 до 28 септември ќе учествуваат во работата на Генералното собрание (ГС) на Обединетите нации во Њујорк, кое оваа година се одржува по 74-ти пат.

Премиерот Заев и министрите во делегацијата ќе учествуваат во работата на форумите во рамките на четирите самити кои оваа година се организирани, во Самит за климатските промени, Самит за универзален пристап до квалитетни здравствени услуги, Самит за целите за одржлив развој и Самит за финансирање на развојот, соопштија од Владата.

Програмата на премиерот Заев предвидува официјална средба со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од Претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија, по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.
Интензивната програма на премиерот Заев и на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија на овој настан од глобални димензии, е исполнета и со голем број билатерални средби и учества на настани и дискусии во организација на шефови на држави или влади, како и во организација на тинк-тенк и други меѓународни организации и академски и медиумски институции.

Официјалното обраќање на Заев на Генералното Собрание на Обединетите Нации е предвидено за 28 септември, во претпладневната сесија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This