Заев со апел до Пауновски: „Рамковните“ да се примаат на работа, а не да се води јавна вojна преку медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности, постапка за засновање работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција на друга, рече денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека верува дека сите институции ќе ја спроведат одлуката.

Тој посочи дека сака да испрати порака до сите директори кои прават отпор да не прават отпор, заради тоа што имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шансата чесно да ја работи својата работа, односно да работи.

Ако не им се работи, дали тие што се преземаат сега или што се досега вработени, треба да им се заблагодариме и да си одат дома. Испраќам, пред се, порака до Државниот инспекторат, кој е многу гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведливи самите одлуки, а не да водиме така да кажам јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба на никој, затоа што ова е нешто кое народот го очекува од кај нас, да нема вработен во јавната администрација кој зема плата, а не оди на работа, рече Заев.

Така што, потенцира премиерот, државата која што го вработила пред пет, седум, десет години, е должна да му обезбеди работно место и да го задолжи со работа тој вработен наш сограѓанин.

Верувам дека можеби денови, можеби некој месец дена или 15, 20 дена се во прашање да се дозаврши целата постапка која е отворена тема повеќе од седум осум години во државата, додаде Заев, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This