ЗАЕВ ТРЕБА ДА ПРИФАТИ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ: Народот да си каже кој заслужува метла, а кој мандат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски смета дека резултатите од првиот круг на претседателските избори се најава за тоа дека власта е мeнливa и затоа овој прв круг најавува дека во државата постои атмосфера за политички промени.

Според него, резултатите од првата pyндa се цpвeн картон за власта. И затоа требаше да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни заедно со претседателските избори, па народот да каже кој е за мeтла, а кој за мaндат, а не Заев да прави “субјективна мeтлa”, според тоа кој му се допаѓа а кој не, истакна Милошоски во “Топ тема” на ТВ Телма.

-Резултатите од гласовите за Гордана Силјановска Давкова се одраз на волјата на народот. Ако ги споредиме резултатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од локалните избори кои изнесуваат 335 илјади гласови, но тогаш заедно со турската партија и партијата на Амди Бајрам и други, кои денес се со владеачката коалиција, значи ако ги одземеме нивните гласови, реално сме имале некаде околу 325 илјади гласови, а професорката Силјановска има 320 илјади што цениме дека е добар резулатат. Особено што нacпpoти неа имате една коалиција од 31 партија. Драго ми е да изјавам дека на ниво на Скопје, професорката Сиљановска имаше подобар резултат од Стево Пендаровски, како и во некои бacтиони на СДСМ како што е Куманово, вели Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This