Заева, Спасовски,Шеќеринска,: Пола Влада на свадба кај лидерот на ЛДП, Милевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ЛДП и битолски пратеник, Горан Милевски синоќа се ожени за лекарката Марина Пешевска, од Скопје.

Свадбената церемонија се одржа во ресторано на “Балукс“ во комплексот “Арена“, а на неа присуствуваше половина влада, челниците на ЛДП и членови на СДСМ, пренесе Bitola News.

Прва од ВИП гостите пристигна сопругата на премиерот, Зорица Заева, кој за влегување за салата ја почека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, со сопругот.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пристигна меѓу првите гости со сопругата, а за брзо пристигна и министерот за администрација Дамјан Манчевски. Со него заедно во салата влегоа министерот за земјоделие Љупчо Николовски и Фросина Ременски, потпретседател на Собранието.

Свадбената делегација на ЛДП ја предводеше министерот Шапуриќ, а за се да помине во ред се погрижи директорот на “Пазари“, Владе Атанасовски.

Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски дојде со сопругата, како и претседателот на битолскиот огранок на ЛДП, Алекдандар Касапов.

На свадбата беше и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, пратеникот од турската партија Енес Ибрахим. Од СДСМ на свадбената церемонија беше генералниот секретар, Александар Кирацовски, а меѓу поканетите беше и директорот на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски, а дојдоа двајцата со сопругите.

Тука беше и началникот на битолската полиција, Славко Јовановски со семејството, претседателот на Еурофарм Раборник, Зоран Стерјев со сопругата Татјана Стерјева- сопственик на веледрогеријата “Еурофарм“, градоначалниците на Центар и Штип, почесниот унгарски конзул-Сашо Јанакиевски со семејството.

Милевски не заборави на свадбата да ги покани и неговите поранешни колеги, професорите од средното економско училиште во Битола, а гостите ги забавуваше Димитар Андоновски со тајфата.

Текст и фото: Сашо Ристевски за Битола нјуз

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This