March 29, 2024, 12:22 pm

ЗГОЛЕМЕНА ПОТРЕБА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА УЛИЦИТЕ ВО ХЈУСТОН: Ќе бидат чувани од роботска полиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Причината поради која полцијата се одлучила на овој интересен потег е зголемената потреба за безбедност на улиците на градот, но без растегнување на полициските ресурси.

Роботите, софтверот и автоматизацијата ќе ги заменат луѓето за голем број работи- од оние во фабриките па до канцелариски, доставувачки и други видови професии и се чини дека луѓето се потешко ќе можат им конкурираат на машините кои е поефикасни и ценовно поприфатливи.

Меѓутоа, роботите делумно ќе го заменат и човечкото обезбедување па дури и во полицијата, што во некои случаеви веќе се практикува па наместо луѓе по паркиралишта, трговски центри и паркови патролираат роботи.

Како и луѓето и таквите роботи не секогаш се покажуваат успешни во својата работа. На пример кога една девојка му пријавила насилство на патролниот робот мислејќи дека тој ќе пријави во полиција а наместо тоа тој само и рекол да се тргне од патот, друг робот додека патролирал низ трговски центар завршил во фонтана. Забележани се случаеви на напади на роботи и навредување, дури и од страна на деца.

Прилика за докажување роботите сега ќе добијат и во Хјустон, каде што започнува пилот проект во кој роботи во текот на годината ќе патролираат на неколку места во градот. Доколку тестот се покаже за успешен, во иднина полициските роботи би можеле да патролираат на поголем број подрачја.

Причината поради која полицијата се одлучила на овој интересен потег за вработување роботи е зголемената потреба за безбедност на градските улици но без растегнување на полициските ресурси.

Во парковите и на паркиралиштата ќе се користи моделот „К5“ кој може да се движи со брзина од околу 5 км/ч додека на железничките станици ќе биде поставен статичен робот, за да не може да падне на шините и да го попречи железничкиот сообраќај. Роботите ќе имаат камери преку кои полицијата ќе може да ја следи ситуацијата, а ќе може и а комуницира со луѓето.

Не се согласуваат сите со таквиот начин на надзор и обезбедување па дел од луѓето сметаат дека роботите, освен што окупираат јавен простор, ја нарушуваат и нивната приватност затоа што снимаат, заради што минувачите често ги заобиколуваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This