April 25, 2024, 11:22 am

И Вojводи со поддршка на пpoтестот за уставобpaнителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тешки времиња и тешки местенки претрпе нашиот народ. Некогаш и наивно помеѓу борбата за власт на одредени политички партии, понесени од чуството за штитење на уставниот поредок на државата и понесени од изјави на лажни патриоти, во еуфорија нашиот народ знае да западне во тешки удбашки стапици. Во тие местенки и стапици западнаа и уставобранителите.

Меѓу нив беше и Никола Ниџе. Прав Комита, прав патриот, човек што ја сака Македонија и македонскиот народ и бил спремен секогаш да се жртвува. Секогаш беше и со нас кога се бранела честа на Тетово и Македонија, секогаш беше дел од нас на жешките дербиња во Тетово, а беше прв и кога се бранеше уставниот поредок на Македонија на 27 Април. Кога ни биле потребни спремни момци низ тетовските улици, Ниџе секогаш доаѓаше со својата екипа па затоа сега е време и ние да излеземе за него. Да излеземе на улица за неправдата која му е нанесена, да покажеме дека не е сам и дека неговите браќа Војводи се со него. Жалосно е да се гледа како Македонците се судат за тероризам, а тие што се терористи да седат во собранието.

Со оваа наша поддршка за протестот на 25.04.2021 сакаме да кажеме дека не сакаме никакви повржувања со некакви политички партии, овој протест е семакедонски и е наменет за чесните и храбри момци, патриоти кои си ја сакаат својата земја како што е нашиот брат Никола Ниџе, внукот на Методија Андонов – Ченто ( Јане Ченто ), Горан Ангелов човекот кој во 2001 беше на браникот на Македонија, познатиот гајдист Вили кој секаде низ светот ја промовираше Македонија и уште многу други искрени Македонци.

Слобода за Ниџе, слобода за Јане Ченто, СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

Целиот статус можете да го погледнете тука

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This