И РЕЏЕП ИМ ВОВЕДЕ САНКЦИИ НА АМЕРИКАНЦИТЕ: Турција ќе ги бојкотира американските електронски производи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција ќе ги бојкотира американските електронски производи, предупреди турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот, во екот на заострувањето на трговските и дипломатските односи меѓу Вашингтон и Анкара.

„Ние ќе произведуваме уште подоби и поквалитетни производи какви што сега увезуваме, и ќе почнеме да ги извезуваме. Ќе ги бојкотираме американските електронски производи. Ако го имаат ајфон, ние го имаме самсунг“, истакнал претседателот Ердоган на деловен собир во Анкара.

„Ги имае Венера и Вестел во нашата зема“, додал Ердоган, мислејќи на турската компанија „Vestel Elektronik“ и нејзиниот модел паметен телефон.

Тензиите меѓу Турција и САД, влошени последните две години, остро пораснаа откако Анкара одби да го пушти од земјата американскиот пастор Енндрју Брансон, кој мина две години во притвор, и кој е обвинет за шпионажа и тероризам поради наводно учество во неуспешниот обид за воен преврат во Турција од 15-ти јули 2016 година. Американскиот претседател Доналд Трамп поради тоа ги удвои царините за увозот на турскиот алуминиум и челик, на 20 односјо 50 отсто, што го забрза падот на турската лира.

Кризата ја погоди турската валута, обврзниците и берзата на акции. Лирата падна на најниското ниво во однос на американскиот долар кој чинеше во вторникот на почетокот од трувањето 7,7 лири, а од почетокот на годината загуби речиси 50 отсто од својата вредност.

Меѓутоа Ердоган и покрај тоа остана пркосен и за кризата ги обвини „економските терористи… економската војна …. насилниците во глобалниот систем“. Притоа најави дека Турција ќе мине на плаќање во национални валути во трговијата со нејзините најголеми трговски партнери како Кина, Русија, Украина и Иран, а најавува и нови сојузи со Москв и Пекинг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This