ИЛИЕВСКИ: Ова е тоа блесаво судство, отворено како црна дупка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богдан Илиевски на социјалните мрежи се осврна на изречените казни и судството во Македонија.

За шамари кои не се случиле – 10 обвинети и 300 рочишта. За држење говор на протест, обвинение за тероризам. Кога обичен човек влече пратеник за коса, 4-ипол години затвор. Кога пратеник боксува обичен човек, опомена од судијата. Уште што не го натерал Курта во ќош да седи десет минути по казна. Халали бе судија.

Патем Курто им беше сакан и важен сведок и на ВиРус и на Злобрила, тврдеше дека Дурло го беше препознал тој маг од Шуто Оризари и му беше пратил луѓе да го турнеле со рамења при разминување! Додуша Курто рече седум пати дека “не е сигурен во тоа што (му рекле да?) го кажува”, но тоа се разбира дека не и пречеше на ВиРус до ден денес, на Апелација, да тврди дека овој опоменатиов несигурен тепач е релевантен сведок. Ама пак, на ВиРус и Злобрила ниту искусни лажови и местачи не им пречеа, напротив, не пак ваков шармантен искусен бијач како Курто.

Ова е тоа блесаво судство, отворено како црна дупка.

За шамари кои не се случиле – 10 обвинети и 300 рочишта. За држење говор на протест, обвинение за тероризам. Кога обичен…

Posted by Богдан Илиевски on Friday, January 17, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This