ИНBЕCТИЦИЈA ОД 100 МИЛИOНИ EВРA: Huawei сaкa да вложи во развој на вeштaчкa интeлигeнцијa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Huawei во текот на наредните пет години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на заедница која брои 200.000 програмери, 500 независни производители на софтвер и 50 истражувачки институти и универзитети, најави Џионг Јихуи од Одделот за интелигентна компјутерска технологија.

Јихуи откри дека оваа инвестиција е дел од стратегијата на Huawei за поголеми инвестиции во основни истражувања за да се развие интегриран екосистем за решенија базирани на технологија за вештачка интелигенција во Европа.

Целосното AI решение на Huawei вклучува AI процеосри Acend, компјутерска архитектура на нyрoнcки мрежи (CANN), компјутерска рамка MindSpore AI и ModelArts. Сите тие решенија работат со Atlas производи за тренинг и учење.

Huawei ги дефинираше и полињата каде што сака да го поттикне развојот на решенија, а тоа се индустријата за транспорт, енергетика и финансии. Што се однесува на соработката со универзитети и истражувачки институти, фокусот на компанијата е на поттикнување развој на решенија во сегментот роботика, класификација на слики, откривање сегментација, супер резолуција итн. Кај соработката со програмерите, фокусот е ставен на интелигентна инспекција на далноводи, оптичко препознавање на знаци, роботизирани раце за селектирање отпад итн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This