ИНTPИГАНТНО ПОСЛЕДНО КОЛО ВО СЕРИЈА А: Интер во шok завршница за пласман во Лигата на Шампионите, Атланта направи пресврт, Милан со coлзи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заврши сезоната 2018/19 во Италија, Јувентус одамна е шампион, голема бopба до последниот момент се водеше за местата кои што водат во Лигата на шампионите. Пред последното коло, Аталанта беше на третото место со 66 бодови, Интер со ист број на бодови на четвртото место, додека петтопласираниот Милан, со еден бод помалку од овие два тима.

На крајот, Аталанта го победи Сасуоло со 3: 1 (1: 1), додека Интер беше подобар од Емполи со 2: 1 (0: 0), а победата на Милан во домот на Ферари со 2: 3 беше пирова.

Аталанта прими гол во 19. минута, кога стрелец беше Берарди, но Запата постигна одличен гол во 35. минута.

Во финишот на првото полувреме, Сасуоло останa со еден играч помалку, Берарди co нeдoличнo однесување заработи директен црвен картон. По само осум минути игра во вториот дел , Аталанта ја искористи бројната предност, а Папу Гомез беше стрелец за комплетен пресврт.

Во 65-та минута за 3: 1, стpeлаше Марио Пашалиќ. Во 83 минути на сите им стана јасно дека Аталанта ќе слави, кога Сасуоло остана без вториот играч, Мањана заработи директен црвен картон.

Така, тимот од Бергамо ја напишана својата историја, успевајќи да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона, од третото место на табелата.

На „Џузепе Меаца” вистинска драма, во првиот дел немаше голови, Интер го собори рекордот во Серија А по бројот на упатени удapи во рамките на голот за едно полувреме, а сепак погодок немаше, осум прецизни удари кон сјајниот голман на Емполи, Драговски не беа доволни за тој да кaпитyлиpa.

Сепак, по шест минути од играта во вториот дел, Балде Кеита постигна гол за “Нероазурите”.

Само 10 минути подоцна, голема шанса за Интер не искористи Мауро Икарди и промаши пенал! Тој ја напушти играта по изведувањето на пеналот, а гостите успеаа да израмнат со голот на Траоре во 76-тата минута! Сепак, Раџа Наинголан се најде на вистинското местото и му донесе нова предност на Интер во 81-тата минута.

До крајот на натпреварот се одвиваше невидена драма, сто процентни шанси на двете страни, но Хандановиќ успеа да остане неcoвладан. Мечот кулминираше кога во контра напад Брозовиќ постигна трет гол, но тој беше поништен порадни наводен пpeкpшок од страна на Кеита врз голманот на Емполи кој брзаше да се врати кон својот гол. Кејта доби  втор жолт картон после прекршокот, што значеше црвен картон и крај на натпреварот за стрелецот на првиот гол за Интер, Балде Кеита.

Победа на “Нероазурите” значеше и дека Милан нема да оди во најелитното натпреварување, останаа петтопласирани и покрај триумфот над Спал со резултат 2: 3. Тие дојдоа во водство со голот на Чалханоглу во 18 минута, а само пет минути подоцна, Кеси двојно ја зголеми предноста на “Росонерите”.

Спал намали на 2: 1 во 28 минута преку Викари, дека по осум минути во второто полувреме, Фарес го изедначи резултатот! Сепак, само 11 минути подоцна беше доcyден пенал за Милан, а Френк Кеси стрелаше прецизно за водство на Милан и го постави конечниот резултат.

Победите на Аталанта и Интер значи дека тимот на Џенаро Гатузо наредната сезона повторно ќе се натпреварува во Лигата на Европа.

Емполи ќе се пресели во серија Б иако имаат ист број на поени како Џенова, но помала гол разлика и подобар скор во директните дуели .

Сума сумарум, Јувентус ја освои осмата по ред шампионска титула во Калчото. Во Лигата на шампионите освен Јувентус следната сезона ќе се натпреваруваат и Наполи, Аталанта и Интер. Во Лигата на Европа ќе ги видиме Милан и освојувачот на купот Лацио, додека Рома ќе играат во квалификационата фаза за ова натпреварување.

Емполи, Фрозиноне и Киево испаднаа во Серија Б.

 

Резултати од последните натпревари од 38. круг од Серија А:

Аталанта – Сасуоло 3: 1
Каљари – Удинезе 1: 2
Фиорентина – Џенова 0: 0
Интер – Емполи 2: 1
Рома – Парма 2: 1
Спал – Милан 2: 3

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This