КАКО PEKETИРАЛ БОКИ 13: Се јавуваше пред мене кај политичари, фунцкионери, cyдии и oбвинитeли, cвeдoчи Камчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува сведочењето на Орце Камчев, тој сега во судницата во Кривичниот суд веќе говори за периодот кога го пријавил случајот кај премиерот, Зоран Заев. Откако Камчев на првата средба му пријавил што се случувало тој не можел да поберува, па на втората средба веќе му покажал дел од доказите кои ги имал за рекетот.

-Се веќе имав документирано, неколку саати снимки разговори се што праеле и одлучив дека морам да пријавам негде. Се обратив кај премиерот. На првата средба му објаснив се што е случувано, човекот беше запрепастен не му се веруваше. Имавме втора средба каде што морав да му покажам дел од работите што ги имав, ги виде, немаше зборови и ми рече остај ми два дена пошто сега ова што го видов не ми се верува просто. Потоа ми се јави и ме замоли се што имам, се што е направено да го однесам кај обвинителката Русковска. Јас истото тоа и го сторив, вели Камчев.

95 проценти од политичарите, фунцкионери, судии и обвинители биле злоупотребувани од страна на Боки 13, а тој им се јавувал на нив пред Камчев и ги пуштал на интерфон.

-Во однос на тоа што знам друго и што сум следел е тоа како беа злоупотребувани да кажам 95 проценти од политичарите. Со сите нив он контактираше на телефон или функционери или судии или обвинители како сопственик на медиум нели. Тоа беше легитимитетот, не дека некој би зборел со Боки 13-ка. Нормално секој политичар и функционер со сопственик на медиум контактира. Ги имаше на интерфон, он покажуцаше сила пред нас, не сум само јас во однос на неговата блискост со сите тие функционери, додаде тој.

Камчев со јавноста сподели и како дел од новинарите во 1 ТВ ја играле својата улога во рекетот.

-Он го креираше „Инсајдер“ во мојата куќа ја гледаше репризата. Јас многу добро знам и он знае како тоа го конструираше со одредени бизнисмени, јас бев шокиран. Многу добро знае како го командуваше уредникот кај него  што денеска пишува на портал колумни и уредничката што му беше главна. Тие двајца беа главни заедно со него, маши негови во печатен медиум што е денеска, многу добро знае зошто знае дека јас знам. Што како треба да направат со жртвите во „Инсајдер“, сведочеше Камчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This